Сензор за заби што “води сметка“ за исхраната

37

20180321toothsensor

Фото: Tufts

Научници од Универзитетот Tufts во Масачусетс дизајнираа сензор за заби што следи што јадете и пиете. Сензорот ги детектира дозите на глукозата, солта и алкохолот што ги внесува носителот на сензорот.

Според научниците, доколку во иднина сензорот се примени во секојдневна употреба, тој може да биде од непроценлива корист за здравствената заштита. Сензорот директно се монтира на заб и безжично комуницира со мобилен уред, а може да пренесува информации за гликоза, сол и алкохол.

Тој е минијатурен, со димензии 2 на 2 милиметри, флексибилен така што лесно се прилепува на неправилната површина на забот. Сензорот е составен од три слоеви, што се состојат од два златни прстени во облик на квадрат и надворешен слој на биореспонирачки материјал во средината. Средниот слој е тој којшто ги дектетира трите целни хемикалии. Заедно, трите слоеви делуваат како мала антена, собираат и пренесуваат бранови во радиофреквенцискиот спектар.

Кога се изложени на дојдовен радиофреквенциски сигнал што го емитираат мобилните уреди, сензорот ги собира радио брановите и ги пренесува назад, но во изменета форма – во зависност тоа колкав дел од целните хемикалии биле апсорбирани од биоактивниот слој, одредени делови на некои бранови се откажани од сензорот, наместо да се пренесуваат.