Сензори што покажуваат кога на растенијата им треба вода

24

green-2892638_960_720

Фото: Pixabay

Научници од Институтот за технологија во Масачусетс создадоа сензори што можат да се испечатат на листови од растенија и да алармираат кога им е потребно вода, стои во официјалното соопштение.

Професорот Мајкл Страно, кој е лидер на тимот од Институтот, вели дека новата технологија може да им помогне на земјоделците многу подобро да се грижат за своите растенијата.

Новиот сензор работи врз основа на малите пори што секое растение ги има во листовите. Порите, наречени стомата, овозможуваат водата од растенијата да испарува. Стомата реагираат на светлина, на концентрацијата на јаглерод диоксид и на суша. Она што научниците го овозможија со сензорот е постојано да следат кога се случуваат овие промени.

Сензорот е изработен од мастило направено од јаглеродни наноцевки, минијатурни цевки што спроведуваат електрична енергија. Ова мастило се печати на стомата и создава електрично коло. Кога пората се затвора колото не се менува и струјата може да се мери со уред наречен мултиметар. Кога се отвора пората, колото е прекинато и струјата престанува да тече, овозможувајќи им на истражувачите прецизно да ја измерат.

Преку овие мерења, научниците успеаја во рок од два дена да детектираат кога на растението му треба вода.