Serbian Entrepreneurs: Организација во САД која нуди помош за стартапи од Србија

25

sr

Српски претприемачи во Америка на своите колеги од Србија им нудат помош во анализирање на пазарот и бизнис планот, во потрагата по инвеститори и потенцијална соработка со партнери во Силиконската долина.

Групата Serbian Entrepreneurs е непрофитна организација сместена во Сан Франциско и има за цел да им помогне на стартапи и претприемачи од Србија да се поврзат со Силиконската долина.

Како што пишува startit.rs, групата е составена од претприемачи, адвокати, инвеститори… со српско потекло кои во Америка се занимаваат со старт – ап компании.