Серијата Game of Thrones на Хрватска и донесе 181 милион евра

60

Филмскиот туризам поврзан со мегапопуларната серија на HBO, Game of Thrones, која почна да се снима во Дубровник и Далмација пред 10 години, и донесе на хрватската економија од 2013 до 2018 година вкупен приход од 180,7 милиони евра или 30,1 милиони евра годишно.

Ова се податоци од статијата на Мартина Вукашина и Јосип Миочиќ од Задар и Мирела Бречелмахер од Славонски Брод, објавена во научното списание Oeconomica Jadertina објавена од Универзитетот во Задар, а на која се повикува агенцијата Хина. Снимањето на популарната серија предизвика нова туристичка понуда на различни патувања и екскурзии кои ги нудат бројни национални и меѓународни агенции.

Некои агенции нудат дури и цели рути на кои се снимале одредени епизоди од серијата, се вели во написот. Серијата  Game of Thrones во четвртата сезона постави рекорд од 18,4 милиони гледачи по епизода.