Сериозен удар на осигурителниот пазар во Украина

69

Националната комисија за државна регулатива на пазарот на финансиски услуги во Украина, кој го опфаќа и осигурителниот сектор, во текот на минатата година, затвори повеќе од 30% повеќе осигурителни друштва отколку во текот на 2018 година.

“Мерките за намалување на бројот на неликвидни и неверодостојни играчи на пазарот во финансискиот и осигурителниот сектор доведоа до отстранување на 260 компании низ целиот сектор“, изјави комесарот на оваа институција, Олександр Залетов.

Вкупно, 57 осигурителни компании и седум посредници за осигурување беа исклучени од Државниот регистар на финансиски институции во областа на осигурувањето. Сепак, и покрај тоа, сè уште е голем бројот на осигурителни компании каде најголем дел од бруто премиите запишани на украинскиот пазар (98,1%) паѓаат на “грбот“ на 100 компании за неживотно осигурување.

Понатамошниот развој на овој сектор ќе биде под влијание на донесување закони и регулативи во рамки на Стратегијата за развој на финансискиот сектор на Украина до 2025 година, којашто има за цел зајакнување на финансиската стабилност, макроекономски развој и раст и проширување на финансиското вклучување, како и иновации во финансиските сектор, пренесе Интерфакс-Украина.

Фото: Pixabay