Сестри е првиот македонски филм што ќе се прикажува на Netflix

Филмот „Сестри“ на младата режисерка Дина Дума е првиот македонски филм што ќе се прикажува на Netflix почнувајќи од утре (24.12).

Филмот имаше светска премиера на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, а истовремено тој е избран и за национален кандидат за Оскар во категоријата за Најдобар Меѓународен филм.

Филмот е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест кога се соочени со последиците од нивното декадентно однесување, а македонската премиера беше на Фестивалот за филмска камера Браќа Манаки во Битола.

Сестри се снимал во текот на 2019-та година на повеќе локации во Скопје.