Сет дрвени боици за 2.850 долари

302

karlboxКреативниот директор на Chanel, Карл Лагерфелд и германскиот производител на канцелариски материјали Faber-Castell го создадоа најскапиот сет на боици во светот, чија цена е 2.850 долари. Ограничената верзија е наречена Karlbox со слоган Бои во црно, пишува Vogue. Изработени се само 2.500 вакви луксузни сетови, секој со свој уникатен сериски број и сертификат за автентичност.

Сетот содржи 350 различни алатки за цртање и боење, вклучувајќи ја и омилената колекција на Легерфелд, водените боици Albrecht Dürerall со вкупно 120 нијанси. Сето ова е сместено во елегантна, црна лакирана кутија дизајнирана од него.

Сите пет индивидуални фиоки се вадат посебно од кутијата.

Фото: Faber-Castell