Сеул добива полначи за мобилни телефони што ја користат енергијата на водата

73

"û°èõ ¹°·Î ½º¸¶Æ®Æù ÃæÀüÀ» ÇÑ´Ù"

Еден од најголемите технолошки центри во светот пронајде иновативен и еколошки начин за полнење на мобилните телефони. Главниот град на Јужна Кореја, Сеул, планира да инсталира станици за полнење на мобилните телефони, кои ќе се напојуваат со енергија од три мини хидроелектрани поставени на реката Чеонгјечеон, јавува Korea Helard.

Локалниот старт – ап бизнис Enomad планира станиците да ги полнат паметните телефони во рок до два до три часа, а таблетите во рок од три до четири часа. По успехот на тримесечниот пилот проект, станиците за полнење би можеле да се постават на уште неколку локации долж 10-километарското шеталиште покрај реката, кое е дел од проект вреден 900 милиони долари за ревитализација и обнова на центарот на Сеул.

Seoul_water_charging_2-537x300

Малите хидроелектрани ги минимизираат негативните ефекти врз околината бидејќи произведуваат електрична енергија без да се градат брани, само со помош на едноставни турбини. Освен станици за полнење со помош на енергијата на водата, градските власти најавуваат новина преку која граѓаните ќе можат да ги наполнат своите уреди со помош на сончевата енергија преку станици што ќе бидат поставени на плоштадот Гванхавамун во центарот на Сеул.

Јужна Кореја е технолошки развиена земја. Над 70% од жителите користат паметни телефони, а тамошната влада неодамна започна програма за борба против зависноста од мобилните телефони.