Северен поток ќе биде завршен до крајот на август

20

Гасоводот Северен поток 2 меѓу Русија и Германија треба да биде завршен за неколку недели, соопшти операторот.

“Очекуваме градежните работи да завршат до крајот на август”, изјави шефот на Северен поток 2, Матијас Варниг, за германскиот весник Ханделсблат.

Досега се завршени 98% од гасоводот. Двата проценти што сè уште недостасуваат се однесуваат на една од двете линии. Втората линија е завршена, додаде Варниг.

Според него, целта е гасоводот да почне со работа оваа година.

Гасоводот долг 1.200 километри го преминува Балтичко Море и ќе може да пренесува 55 милијарди кубни метри гас годишно, заобиколувајќи ја Украина.

Фото: Pixabay