Северен тек 2 никогаш нема да биде пуштен во работа

113

Германија никогаш повеќе не може да смета на испораките на енергенси од Русија, смета премиерот на германската покраина Долна Саксонија Штефан Вајл.

Вајл, како што пренесуваат германските медиуми, истакна дека однесувањето на Кремљ покажува дека во секој момент мора да се смета на тоа дека Русија може да ги прекине испораките.

Тој смета дека гасоводот Северен тек 2 никогаш нема да проработи, дури ни по ерата на рускиот претседател Владимир Путин.

„Губењето на довербата е толкаво што никогаш повеќе нема да има ситуација германската влада да смета на енергенсите од Русија“, истакна Вајл.

Изрази уверување дека Северен тек 2 никогаш нема да проработи, и дека никогаш повеќе нема да има трговско партнерство со Русија.

„Русите ги урнаа сите мостови со тоа што ја уништија најголемата вредност на партнерството, а тоа е довербата“, истакна тој.

Вајл смета дека соработката е завршена за сите времиња, а изрази и уверување дека Западот побрзо ќе се крене од тоа од Русија.