Севернокорејски хакери украле најмногу криптовалути во светот

39

Северна Кореја, која важи за технолошки неразвиена земја, е лидер во кражбата на криптовалути на глобално ниво.

Имено, хакерите од оваа земја минатата година украле дигитални пари во вредност од 1,7 милијарди долари, соопшти компанијата Chainalysis која го анализира пазарот на блокчејн. Ова е четири пати повеќе од сумата што успеале да ја земат во 2021 година.

Колку е сериозна оваа бројка покажува фактот дека на севернокорејските хакери им се припишува речиси половина од вредноста на украдените криптовалути на целата планета. Минатата година беа украдени вкупно 3,8 милијарди долари дигитални пари,  со нелегални методи. Ова е за половина милијарда долари повеќе отколку што беше украдено во 2021 година.

Добар дел од таа сума поминала низ рацете, односно тастатурите на севернокорејските хакери. Се сомнева дека се поддржани од државата и дека дел од тие пари ќе бидат наменети за продолжување на финансирањето на развојот на нуклеарното оружје. Уште повеќе, американските безбедносни службеници веќе пресметале дека една третина од тие пари ќе завршат во програмата за развој на оружје, пренесува Bif.rs.

Фото: Pixabay