Shader, чадор што го штити лицето од сончевите зраци

76

sader

Фото: Kickstarter

Млад австралиски претприемач, основач и директор на HGT Innovations претстави компактен, пренослив чадор за сенка, направен да ја заштити главата на корисникот додека се сонча на плажа.

Shader има интегрирана перница за глава на дното, а корисникот треба само да легне на неа и да го повлече работ на чадорот. Освен што ја заштитува главата од сончевите зраци, чадорот може да се користи и за “криење“ на пијалаците од жешкото сонце. Под перницата се наоѓаат шест места за чување чаши.

Shader нуди и други додатоци, вклучувајќи соларен панел којшто на корисникот му овозможува да го полни мобилниот телефон, а во внатрешната страна на чадорот има џебови кадешто може да се смести паричник, телефон и други ситници.

Shader доаѓа во неколку различни бои (виолетова, сина, зелена и темнокафена)

Поставен е на платформата за групно финансирање Kickstarter, каде треба да собере 25.000 долари. До крајот на кампањата остануваат уште 17 дена, а веќе има собрано 162.284 долари. Испораката на овој чадор е планирана за ноември.