Шаховски сет од 1,65 милиони долари

106

Battle-of-Issus-Chess-Set-6Компанија од Њу Орлеанс, којашто се занимава со продажба на антиквитети, на својот веб сајт огласи шаховски сет со импресивна цена од 1,65 милиони долари, пишува Jewellery Mag. Наречен Battle of Issus (Битката кај Ис), сетот освен со неверојатната цена се одликува и со уникатниот изглед и потсетува на некаква фантастична новела.

Сепак, она што тој го претставува е приказна за вистинска историска битка што се случила во 333 п.н.е. односно битката помеѓу Александар Велики и Дариус III кај Ис. Фигурите од шахот на многу автентичен начин ги отскликуваат македонските и персиските војски. Кралицата е грчката божица на војната и мудроста Атена.563046929_1280x720

Материјалот од којшто се изработени фигурите е чисто злато комбинирано со зелен малахит (за персиската војска) и светло розов родонит (за војската на Александар). Кога ќе ја завртите подлогата на шахот, фигурите се мрдаат, веслата на бродовите веслаат, стрелците ги подигнуваат лаковите, коњите ги тресат гривите и Александар го спушта мечот. Сетот вклучува и табла со две столчиња од махагони и кожа коишто асоцираат на мебелот од 19 век.