Шахпаска : Работиме на  нова методологија со која пензиите ќе се усогласуваат  и со растот на просечната плата

84

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со членови на Здружението на пензионерите од Кочани, во кое членуваат и пензионерите од Чешиново-Облешево и Зрновци, кое важи за едно од поголемите здруженија бидејќи  брои околу 8.000 пензионери.

Таа ги информираше пензионерите за прашања за кои тие најмногу се интересираат, околу  пензионерскиот стандард и за зголемувањето на пензиите.

„Разговаравме и за промена на методологијата за усогласување на пензиите  кон која Министерството за труд и социјална политика веќе пристапува и веруваме дека до крајот на годината, ќе биде испорачана нова методологија,  со која што пензиите ќе се усогласуваат и со растот на просечната плата,“ рече министерката Шахпаска.