Шајноски: АСО не забранува осигурителните компании да делат дивиденда

58

Намалените приходи на осигурителниот пазар се еден од клучните фактори за носење на препораката од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување.  Директорот на АСО, Крсте Шајноски во интервју за Локално дава прецизен приказ на состојбите во овој бизнис во однос на сите негови актуелни  аспекти и чинители.

“АСО не забранува компаниите да делат дивиденда, туку им препорачува на компаниите кои 2020 година ја завршиле со добивка од работењето да се воздржат од носење одлуки за исплата на дивиденда’’, појаснува Шајноски.

Со оваа препорака Агенцијата  им сугерира на компаниите кои лани работеле профитабилно вкупната добивка од 417 милиони денари (на ниво на осигурителна индустрија) да ја пренесат во  капиталот и резервите на друштвата.

“Тоа е со цел компаниите да останат солвентни и ликвидни т.е. да останат во добра финансиска кондиција во овие специфични и неизвесни услови на работење предизвикани од глобалната здравствена пандемија“, вели Шајноски.

Како неспорен факт ја посочува доследноста на АСО во заштитата на интересите на осигурениците, па оттука и неговиот став дека препораката е  всушност порака до осигурениците дека осигурителните друштва ќе  ги исполнат навремено и во целост нивните финансиски побарувања и права кои произлегуваат од договорите за осигурување.

Фото: Freepik