Шакира затајувала данок?

24

Колумбиската поп ѕвезда Шакира би можела да се најде на обвинителна клупа откако шпанскиот суд оценил дека има “доволно индиции“ за судење на планетарно популарната пејачка поради даночна измама.

Државното обвинителство во Барселона ја обвинува 44-годишната пејачка за неплатен даночен долг од околу 14,5 милиони ера во Шпанија меѓу 2012-та и 2014-та година.

Државното обвинителство тврди дека пејачката живеела во Шпанија повеќе од 183 денови, секоја од трите спорни години, поради што смета дека треба да плати данок на својот вкупен приход во Шпанија.

Шакира ги отфрла овие обвинувања и тврди дека од 2012-та до 2014-та година била даночен обврзник на Бахамите, а не на Шпанија и дека само повремено патувала во Шпанија. Таа тврди дека официјално во Шпанија живее од 2015 година.

Фото: Facebook