Шалтерско работење до 17 часот во Комерцијална банка

107

На почетокот од есента, кога се враќа динамичното темпо на активности и обврски на граѓаните, повеќе филијали и експозитури на Комерцијална банка повторно им овозможуваат на клиентите трансакции преку шалтер до 17 часот. Со ова бројни шалтери на Комерцијална банка им се достапни на клиентите со најдолго работно време на пазарот од понеделник до петок.

А, секако и во сабота, кога филијалите на Банката низ целата земја и повеќе експозитури во Скопје работат од 9 до 12 часот, додека експозитурата во East Gate mall, пак, е отворена до 14 часот.

Нашата определба е да ги задоволиме потребите на нашите клиенти, кои и во услови на интензивен развој на дигиталното банкарство и на широка палета на производи и услуги на Банката достапни 24/7, сепак имаат потреба од посета на шалтер.

Информациите за редовното работно време на филијалите и експозитурите на Комерцијална банка се достапни на нашата веб страна kb.mk и редовно се ажурираат со цел клиентите да имаат точни и лесно достапни информации.

Секако, клиентите можат во секое време и од секое место на брз, лесен и ефикасен начин да ги извршат своите финансиски трансакции преку дигиталните канали Интернет банка и мБанка, како и преку широката мрежа на банкомати и во дигиталните експозитури на Комерцијална банка, кои им се на располагање 24/7.