Шампањ стар еден век продаден за 116.000 долари

6

LACMA 50th Anniversary Gala Sponsored By Christie's - Red CarpetШише шампањ од 1915 година, дело на Krug Champagne, беше продадено на аукција по цена од 116.375 долари во Њујорк, пишува Luxuo.com.

Тоа беше едно од четирите преостанати шишиња што сè уште се наоѓаа во визбата на францускиот производител.

une-bouteille-de-champagne-krug-de-1915-11466014paohf

Заедно со купениот пијалак, понудата вклучуваше и пат до регионот Шампањ во Франција за четири лица кои ќе уживаат во врвната дегустација.

Шишето шампањ воопшто не беше изнесено надвор од визбите на Krug, што денес се во сопственост на луксузниот конгломерат LVMH.

House-of-krug

Анонимниот купувач ќе престојува во House of Krug два дена, заедно со тројца пријатели.

Купувачот, исто така, ќе може да проба од најретките и најдобрите пијалоци што се прават таму и да ужива во вкусните специјалитети на ресторанот L’Assiette Champenoise.