Шангај по два месеца ги укинува строгите мерки за заклучување

19

Поголем дел од строгите мерки за изолација во Шангај беа укинати денеска по два месецa. Во јужниот кинески пристанишен град, каде што живеат 26 милиони луѓе, мерките за изолација се укинати и компаниите почнаа да работат. Рестартиран е и јавниот и приватниот превоз, но сепак со одредени ограничувања.

Во Шангај, економскиот и финансискиот центар на Кина, втората по големина економија во светот, вчера беа забележани само 15 нови инфекции со коронавирус. Ова е најмал број случаи во последните три месеци. Во екот на последниот бран на зарази со Ковид-19 во април, во еден ден беа пријавени дури 27.000 случаи. Низ целата земја, Кина регистрираше 68 случаи, од кои 46 асимптоматски.

Додека остатокот од светот главно се обидува да продолжи да живее со заразата, Кина продолжува со стратегијата на нулта толеранција за ковид. Појавата на варијантата омикрон во Кина во март предизвика најголемо ширење на вирусот од почетокот на пандемијата пред две години. Кинеските научници предупредија дека целосното олеснување на мерките може да доведе до 1,5 милиони смртни случаи во земјата во период од шест месеци.