Шарапова се пензионира од тенисот којшто ѝ донесе 325 милиони долари

187

Тениската ѕвезда Марија Шарапова најави дека се повлекува од професионалното играње тенис. Триесет и двегодишната тенисерка, според магазинот Forbes, 11 години по ред беше една од најплатените спортистки во светот.

Неколку повреди и суспензија поради користење недозволени средства ја оддалечија Шарапова од тениските терени во изминатите пет години. Оваа руска тенисерка, којашто преку професионална игра заработи 325 милиони долари, светот се запозна со нејзиниот талент во 2000-тата година кога Шарапова имаше само 17 години. Првиот контакт со тениското топче таа го имала само на три години, а на шест години била дел од тениска школа што ја водела Мартина Навратилова.

Првите спонзорски договори, Шарапова ги имала со Nike и Prince, но потоа ја прошири соработката и со IMG, Tag Heuer, Canon, Motorola и Colgate Palmolive. Нејзината годишна заработка од три се искачи на 18 милиони долари, со што стана една од најплатените спортистки во светот.

Шарапова стана вистинска инфлуенсерка на социјалните мрежи со 15 милиони следбеници на Facebook, а нејзината заработка го достигна врвот од 30 милиони во 2015-та година. Веќе следната година, таа се соочи со суспензија поради користење на мелдониум, којшто беше забранет од страна на Светската анти – допинг агенција.

Sugarpova претставува линија на бонбони што ги создаде Џеф Рубин, основач на IT’SUGAR. Sugarpova е линија слатки, чиј вкупен приход од продажба оди во фондацијата Марија Шарапова. Оваа линија на слатки е претставена во 2013-та година, а три години подоцна Sugarpova склучи партнерство со полската кондиторска компанија Baron Chocolatier за производство на премиум чоколади.

Фото: Facebook