Шардоне од Marks & Spencer прогласено за најдобро вино во светот

47

jusging_3337739bЗа најдобро вино на овогодинешните Decanter World Wine Awards, коишто се дел од Vinexpo во Бордо, Франција, беше прогласено шардоне од Marks & Spencer.

Виното ја понесе престижната награда во категоријата вина под 23 долари, а беше одбрано од страна на 240 експерти.

Шардонето е специјално направено за компанијата Marks & Spencer од страна на францускиот производител  Жорж Бришо од јужна Бургундија, а истото е направено од грозје кое 30 години расте во варовнички почви.

Компанијата го опиша овој пијалак како свежо и овошно вино со весела арома на јаболка, лимони и со сладок завршеток на праска.

Експертите пробаа 15.929 вина од вкупно 48 земји пред да ги изберат 35 победнички винарии.

Француските винарии беа севкупен победник со најмногу освоени интернационални трофеи, осум.