Шарени мурали “оживуваат“ кога ќе заврне дожд

36

murali

Не мора секогаш да значи дека мора да заврши бурата за да се види виножитото. Група уметници овозможуваат градот Сеул да биде шарен и обоен во моментите кога врне дожд, пишува Huffington Post.

Студенти од факултетот за уметност – School of the Art Institute of Chicago (SAIC), инаку сите по потекло од Јужна Кореја, стојат за дизајнот на шарените мурали што се појавуваат во градот штом заврне дожд.

murali 1

“Сеул, Јужна Кореја, е динамичен и шарен град. Но, за време на сезоната на монсуните коишто траат три недели, енергијата и боите на Сеул исчезнуваат под темните облаци“, велат уметниците кои стојат за овој проект.

Користејќи го времето како инспирација, SAIC го развија проектот Monsoon со британската компанија Design and Art Direction, којашто промовира едукација за дизајн и рекламирање.