Шарлин де Карваљо – жената зад Heineken

191

Сигурно ќе се чувствувате подобро ако работите нешто што сакате, отколку ако го правите она што се очекува од вас.
heinekenПред да застане на чело на Heineken, Шарлин де Карваљо живееше сосем поинаков живот на посветена сопруга и мајка на пет деца, без никакво образование во областа на бизнисот.

По смртта на нејзиниот татко, 47-годишната Шарлин требаше да донесе одлука дали да ја преземе контролата врз пиварницата. Се одлучи да го прифати предизвикот и новата улога во својот живот.

Денес, наследничката на Heineken има 61 година и е една од најбогатите жени во светот со вредност од приближно 12 милијарди долари.

FREDDY-HEINEKENПред да наследи 100 милиони долари во акции, односно една четвртина од акциите на компанијата, таа поседуваше само 32 долари, мал подарок од татко и Фреди Хајнекен.

Но, не беа само акциите, заедно со нив Шарлин доби целосна контрола врз гласачкото тело – нејзиниот глас е поважен од сите останати гласови на инвеститори или било кој член на бордот на директори.

Со новата улога следуваа и нови обврски, како промена на нејзиниот мирен живот во Лондон, пат околу светот за да се запознае со функционирањето на Heineken и лекции за успешно наследување на бизнисот и чување на традицијата.

Сопругот на Шарлин, Мишел де Карваљо, по професија банкар, ја прифати и застана целосно зад нејзината улога на шеф.

Interview-biermiljardair-Charlene-Heineken-over-haar-imperium-video_crop700x350

Сепак, додека растела наследничката живеела еден малку поинаков живот.

“Немав личен шофер, мајка ми ме возеше до училиште и никогаш не ми се допаѓаше тоа што го гледав моето презиме во секое кафуле и ресторан.”

DSC07878-1024x768Таткото на Шарлин беше бизнисмен што сакаше да се истакне – тој го креираше зеленото шише на пивото и првите телевизиски реклами.

Но, дома Фреди сакаше малку посмирен начин на живот, како на пример едноставна вечера со шпагети и ќофтиња пред телевизор.

Со оглед на тоа дека била единствено дете во фамилијата, Шарлин немала многу избор да ги “брка” своите соништа, па така се запишала на секретарски курс во Хаг, а потоа на универзитетот во Лајден на правни студии.

На свои дваесет години ја напушта Холандија и студира француски во Женева, а потоа фотографија во Њујорк. Кратко време работи и во рекламна агенција во Лондон, а за прв пат се запознава поблиску со фамилијарниот бизнис во Париз, под менторство на локалниот директор.

Иако жените во Холандија обично го задржувале моминското име на венчаното, Шарлин одбила да го задржи презимето Хајнекен.

charlene-de-carvalho-heinekenИ покрај нејзината незаинтересираност да влезе во семејниот бизнис, во 1988 година нејзиниот татко ја поканил да се приклучи во одборот на директори.

Шарлин заедно со сопругот не се “меша” во секојдневните активноста на Heineken, но ја има примарната улога во неколку сегменти: имиџот на компанијата, билансот на состојбата, аквизициите и изборот на членови на одборот и извршни директори.

hei-inset

Де Карваљо сè уште немаат одредено главен наследник на бизнисот, но најголеми шанси има најстариот од петте деца, синот Александер.

Шарлин можеби доцна ја откри својата страст кон бизнисот, но денес таа советува: ако поседувате страст кон нешто и можност да ја следите, направете го тоа.

“Сигурно ќе се чувствувате подобро ако работите нешто што сакате, отколку ако го правите она што се очекува од вас.”