Sharp и Lenovo заедно ќе произведуваат телевизори

50

sharpЈапонскиот произведувач на електроника Sharp, преговара со кинеската компјутерска компанија Lenovo за здружување на силите во производство на телевизори, пренесуваат јапонските медиуми.

Се очекува во рамките на можното поврзување, Sharp до крајот на годинава да му ги продаде на Lenovo сите свои акции од кинеската филијала која произведува LCD телевизори. Кинеските филијали на Sharp задолжени за развој и продажба ќе бидат претворени во заеднички инвестиции со еднакви сопственички удели.

Во Кина телевизорите ќе се продаваат под прендот Sharp Aquos, додека за останатите пазари, компаниите треба да изградат заедничка стратегија за настап.