Шефицата на ММФ: Инфлацијата во светот веројатно ќе се скроти во 2023 година

111

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева  оцени дека инфлацијата во светот најверојатно ќе се скроти следната година кога ќе почне да стапува во сила зголемувањето на каматите.

Според неа, глобалните каматни стапки ќе продолжат да растат до 2023 година, а дури тогаш жешките цени ќе почнат да се ладат како одговор на активностите на централната банка.
Цените на суровините, како нафтата, можеби се стабилизираа и почнаа да опаѓаат во последните месеци, но Георгиева смета дека тоа не мора да значи дека инфлацијата е скротена, туку дека тоа е реакција на пазарните играчи на ризиците од рецесија.