Шефицата на ММФ: Изгледите се подобри отколку што се стравуваше пред неколку месеци

35

Извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева денеска на панелот на Светскиот економски форум изјави дека економските изгледи сега се подобри од пред неколку месеци.
Георгиева рече дека „потенцијалот на Кина да го стимулира растот“ е подобрен, пренесува Ројтерс и дека сега ММФ прогнозира растот на кинеската економија да биде поголем од 4,4 отсто за 2023 година.

Таа додаде дека не гледа „драматично подобрување“ во тековната прогноза за глобален раст на ММФ за оваа година, која изнесува 2,7 отсто.

Таа рече дека иако ММФ предвидува дека 2023 година ќе биде „тешка година“ и дека растот дополнително ќе падне, не очекува глобална рецесија и како причини ги наведе еластичните пазари на труд и потрошувачка, повторното отворање на Кина после Ковид и знаците за намалување на инфлацијата.