Шефицата на ММФ: Кина да се откаже од политиката на нулта толеранција поради Ковид-19

66

Генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, рече дека е време Кина да се откаже од строгите мерки на заклучување и политиката на нулта толеранција поради вирусот Ковид19 и да се сврти кон пофлексибилни мерки, бидејќи тоа ќе помогне за закрепнување на светската економија, која веќе се бори со висока инфлација, енергетска криза и нарушено снабдување со храна.

„Со насочени мерки, овозможуваме да го спречиме ширењето на корона вирусот без значителни економски трошоци“, рече Георгиева за АП.

Таа предупреди дека меѓународните тензии меѓу Кина и Западот и меѓу Русија и Западот се закануваат да ја ограничат трговијата и нејзините корисни ефекти врз економскиот раст и просперитет.