Шефицата на ММФ објасни кој го забавува економското закрепнување

57

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева изрази очекувања за послабо закрепнување и повеќе ризици за светската економија.

Според неа, тоа се должи на забавувањето на економиите на САД и Кина, но и на Омикрон варијантата на коронавирусот. Овие процеси имаат влијание врз инфлацијата и долговите.

Се предвидува дека инфлацијата во САД ќе се намали во вториот квартал од годината, благодарение на премостувањето на ограничувањата во синџирот на снабдување.

„Би сакала да имам пооптимистична перспектива на почетокот на годината. Но, реалноста е дека гледаме послаб моментум на закрепнување и поголема неизвесност, повеќе ризици во 2022 година. Од аспект на Фондот, на крајот на претходната година бевме загрижени дека закрепнувањето слабее. Зошто? Бидејќи двата главни двигатели на светската економија, САД и Кина, се забавија во споредба со летните прогнози. И сега го имаме Омикрон“, објасни Кристалина Георгиева.