Генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, предупреди на растечките разлики во темпото на закрепнување на економијата од избувнувањето на пандемијата со Ковид-19.
Говорејќи пред новинарите на самитот Г-7, што се одржува на југозападот од Англија, Георгиева рече дека ММФ предупредува на “опасно различно темпо на закрепнување“, објави Ројтерс.
“Најновите податоци потврдуваат дека овој тренд не само што продолжува, туку и се продлабочува“, посочи таа.
Генералниот директор на ММФ додава дека, и покрај тоа што очекуваше растот на инфлацијата да биде привремен, светот не може да го прифати “здраво за готово“ и дека таа најмногу ја загрижува инфлацијата во економиите во развој.
Фото: Pixabay