Шефицата на ММФ: САД нема да паднат во рецесија

24

Кристалина Георгиева, извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ),  изјави дека има сè повеќе докази дека САД ќе ја избегнат рецесијата оваа година и дека ќе постигнат „благо приземјување“ на својата економија.

Георгиева им рече на новинарите дека американскиот пазар на труд останува отпорен, а побарувачката на потрошувачите е силна и покрај зголемувањето на каматните стапки за да се ограничи инфлацијата.

Таа, исто така, рече дека има здрава промена од прекумерното купување на стоки што поттикна зголемување на цените, назад кон побарувачката за услуги, а има повеќе диверзифицирани извори на раст во економијата.

„Ова дава некои аргументи за очекувањата дека САД ќе избегнат да западнат во рецесија. Всушност, би рекла дека и да биде техничка рецесија, таа ќе биде многу блага“, истакна Георгиева на својот прв брифинг со новинарите во 2023 година.

Таа истакна дека најавите за рецесија обично се предмет на интензивна дебата и посочи дека таа се приклонува кон сценарио за „меко приземјување“ за САД.

Во октомври ММФ прогнозираше раст на американскиот БДП од еден процент во 2023 година и ќе ја ажурира својата проекција овој месец. Во вторникот Светската банка прогнозираше раст на САД од 0,5 отсто оваа година.