Шефицата на ЕЦБ за најлошото економско сценарио: „Тоа би го уништило целиoт труд“

23

Европската централна банка (ЕЦБ) веројатно ќе ги намали референтните каматни стапки во текот на летото – изјави претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард во интервју за ТВ Блумберг во Давос.

Французинката истакна дека конечната одлука за каматните стапки „ќе зависи од податоците што пристигнуваат“ и дека сè уште постои одредено ниво на неизвесност, бидејќи некои показатели не се „цврсто закотвени“ на посакуваното ниво.

Таа додаде дека пазарите не треба да бидат премногу оптимисти во врска со намалувањето на каматните стапки, бидејќи тоа ќе биде спротивен резултат на напорите на Европската централна банка да ја потисне инфлацијата, пренесува Блумберг.

„Најголемиот економски ризик би било сценарио во кое Европската централна банка предвреме ги намалува каматните стапки, а потоа мора повторно да ги зголеми; тоа би ги уништило сите напори“, заклучи Лагард.