Шефот на Арамко: Планот на ЕУ не е долгорочно решение

88

Извршниот директор на Арамко, Амин Насер, изјави дека планот на ЕУ за ограничување на цените и оданочување на енергетските компании нема да помогне долгорочно да се елиминира кризата.

„Замрзнувањето или ограничувањето на цените на енергенсите може да им помогне на потрошувачите на краток рок, но тоа не ги решава вистинските причини за кризата и не е долгорочно решение“, рече Насер на форумот во Швајцарија.

„И оданочувањето на компаниите од кои очекувате да го зголемат производството секако не е корисно“, додаде тој.

Извршниот директор на Арамко, исто така, инсистираше на тоа дека војната во Украина не е единствената причина за енергетската криза и предупреди дека „дури и ако тој конфликт заврши денес“, кризата нема да биде завршена.