Шефот на BlackRock: На Европа ѝ треба унифициран банкарски пазар

282

Главниот извршен директор на BlackRock, Лери Финк, ја повика Европа да продолжи да го обединува својот банкарски пазар, притоа не коментирајќи за потенцијалната комбинација на Commerzbank и UniCredit.

– На Европа ѝ треба посилен систем на пазарот на капитал и ѝ треба поунифициран банкарски систем – изјави Финк во интервју на конференцијата за глобален дијалог во Берлин во вторникот на прашањето за неговите ставови за можното спојување на двата кредитори, пренесе Блумберг.

Тој додаде дека не сака да коментира „никакви активности“ што се случуваат меѓу двете компании, особено што неговата компанија е акционер и во двете. BlackRock е најголемиот инвеститор на UniCredit и трет најголем инвеститор на Commerzbank.