Шефот на Бундесбанката поднесе оставка

26

Гувернерот на германската Централна банка, Јенс Вајдман, во средата објави дека ќе поднесе оставка по една деценија на чело на оваа институција. Во соопштението на Бундесбанката се наведува дека Вајдман ќе се повлече на крајот на оваа година од лични причини, пренесува Танјуг, повикувајќи се на агенцијата АП.

Гувернерите на националните централни банки во Еврозоната, исто така, имаат место во Управниот совет на Европската централна банка, каде Вајдман постојано го искажува своето несогласување со обемот на стимулативните мерки на институцијата.

„Дојдов до заклучок дека повеќе од 10 години, беше добра мерка да се сврти нов лист, и за Бундесбанката и за мене лично“, наведува Вајдман во писмото испратено до вработените во банката.

Вајдман, поранешен советник на германската канцеларка во заминување Ангела Меркел, е на чело на  Бундесбанка од мај 2011 година.