
Претседателот на Федералните резерви Џером Пауел рече дека „дојде време да се намалат каматните стапки“, но побара од Американците малку повеќе трпение додека банката се бори со инфлацијата.
– Американската економија е силна и централната банка најверојатно ќе ги намали каматните стапки подоцна оваа година – рече Пауел, додавајќи дека, сепак, „не е веројатно“ тоа да се случи овој март, како што некогаш очекуваше Волстрит, пренесува Си-Ен-Ен.
За потсетување, ФЕД во средата минатата недела објави дека ги задржала каматните стапки во опсег од 5,25 до 5,5 отсто.
– Нашата самодоверба расте. Само сакаме малку повеќе доверба пред да го направиме тој многу важен чекор и да почнеме да ги намалуваме каматните стапки – рече Пауел.
Финансиските пазари сметаат дека „веројатноста ФЕД да ги намали каматните стапки во март е 20 отсто, а веројатноста тоа да се случи во мај е 71,3 отсто“.
Патем, ФЕД својата следна одлука за каматните стапки ќе ја донесе за седум недели.











