Шефот на Фолксваген не се откажува од бензинските и дизел моторите

103

Оливер Блумe нема намера да ги фрла сите карти на електричните автомобили.

Има ли надеж за опстанок на конвенционалните мотори со внатрешно согорување по минатогодишната радикална одлука на Европската унија да ја забрани продажбата на бензин, дизел и хибридни автомобили и комбиња на европско тло од 2035 година?

Според првиот човек на најголемата група производители на автомобили – има, но прашање е дали ќе попуштат политичарите кои се залагаат за екологија.

Новиот шеф на VW Group, Оливер Блумe, кој во септември го замени Херберт Дис на чело на најголемиот европски производител на автомобили, за разлика од неговиот претходник, нема намера да ги фрла сите карти на електрификација.

„Засега нашата стратегија е да ги задржиме моторите со внатрешно согорување на пазарот, бидејќи тие се многу популарни во многу региони во светот. Во исто време, го зголемуваме интересот и продажбата на целосно електрични модели“, изјави Блуме.

Блуме е поддржувач на е-горивата, синтетички горива кои не содржат фосилни горива, но се создаваат со користење на јаглерод диоксид или јаглерод моноксид од околината во комбинација со водород и што е најважно, се неутрални во однос на емисиите на CO2.

“Бензинските мотори можат да работат со е-гориво речиси без емисија на CO2. На овој начин, сите возила можат да придонесат за намалување на CO2 без разлика на типот на возење. Покрај тоа, како дериват на водород, е-горивата може совршено да се мешаат со фосилни горива. И секој дополнителен процент е придонес за заштита на климата“, вели Блуме.