Шефот на Nintendo си ја преполови платата поради лошите резултати

17

nintendoПретседателот на јапонскиот произведувач на видеоигри Nintendo, Сатору Ивара, следните пет месеци се казни со преполовена плата поради лошите финансиски резултати на компанијата. Компанијата објави оперативна загуба од 15 милиони долари во девет месеци.

Ивара изјави дека пет месеци ќе зема помала плата за да го надомести падот на заработката поради слабата побарувачка на конзолата Wii U, додека на другите членови на управниот одбор на компанијата, платата ќе им биде намалена 20% до 30%.