Шефот на пропаднатата берза за криптовалути кој имаше 27 милијарди долари: Ми останаа уште 100.000 долари

330

Сем Банкман Фрид ко-основачот и поранешен извршен директор на берзата за криптовалути FTX  која ненадејно банкротира минатиот месец, изјави за Axios дека останал со само 100.000 долари откако неговата крипто империја пропаднала поради лошото финансиско управување. 30-годишниот во еден момент имаше нето богатство од над 27 милијарди долари.

„Може ли да кажам негативен број? изјави Банкмен-Фрид на прашањето на медиумите за неговите финансии. „Мислам, немам поим. Не знам. Имав 100.000 долари на мојата банкарска сметка последниот пат кога проверив. Комплицирано е. Речиси сè што имав беше врзано за компанијата“, рече тој.

FTX моментално минува низ стечајна постапка, а она што го откри сегашниот стечаен управник вели дека никогаш не го видел во својата кариера. „Никогаш во мојата кариера не сум видел толку целосен неуспех на корпоративните контроли и таков целосен недостиг на веродостојни финансиски информации како што се случи овде“, рече тој во судската пријава.