
Алекс Машински, основачот на пропаднатата криптобанка „Целзиус Нетворк“, беше осуден на 12 години затвор откако се изјасни за виновен за измама на инвеститори и манипулирање со сопствените криптовалути со парите на корисниците.
Машински (59) се изјасни за виновен за измама со хартии од вредност и стоки во декември. Федералните обвинители во Њујорк го обвинија дека им ветувал на корисниците високи приноси од дигиталните депозити, додека ги лажел во врска со вистинското работење на „Целзиус Нетворк“. Тој ги искористил нивните средства за вештачки да ја зголеми цената на својот CEL токен.
Тој мора да врати 48 милиони долари
На својот врв, „Целзиус“ управуваше со кориснички средства од 25 милијарди долари. Но, по големиот пресврт на крипто пазарите во 2022 година, платформата ги замрзна исплатите, оставајќи стотици илјади корисници без пристап до нивните средства.
Судијата Џон Келтл од Окружниот суд во Њујорк ја изрече пресудата минатата недела. Машински претходно вети дека ќе врати повеќе од 48 милиони долари, што претставува личен профит што го оствари продавајќи го токенот CEL пред неговата вредност да падне.
Американските власти ги замрзнаа неговите сметки по обвинението во 2023 година.











