Шефот на Рено: „Намалувањето на цената на Тесла е предупредување“

49

Renault е во процес на ревидирање на цените, откако Tesla спроведе генерално „кратење“ на ценовникот, вели Фабрис Камболив, првиот човек на оваа француска марка, пишува Autoblog.

Бранот на намалувања на цените што го започна Тесла е „предупредување за конкуренцијата“, додаде Камболив.

Продажбата на Renault порасна за девет отсто во првиот квартал, што укажува на тоа дека стратегијата за реструктуирање фокусирана на најпрофитабилните модели може конечно да се исплати по четири години опаѓање на приходите.

Сепак, Камболив вели дека намалувањето на цените на Tesla ќе ја принуди групацијата да ја преиспита својата ценовна политика на глобално ниво.

„Ќе ги анализираме работите земја по земја, пазар по пазар, за да видиме кое ниво на конкурентност ни треба за да останеме во игра“, рече тој.

Камболив ја разгледа продажбата на електричниот Megane, еден од најпопуларните модели, кој нагло порасна во март, со голем број нарачки и покрај многу ограничените попусти.

„Јасно е дека намалувањето на цените на Tesla е предизвик, почнувајќи од трошоците. Тоа е предупредување што го слушаме“, додаде тој.

Глобалната продажба на Renault во првите три месеци од оваа година изнесува 354.545 возила.

Фото: Facebook