Шефот на Ryanair до Боинг: „Правите одлични авиони, но менувајте менаџери“

68

Извршниот директор на Ryanair, Мајкл О’Лири, го нападна менаџментот на Боинг во понеделникот, велејќи дека на директорите на компанијата им треба или итно „рестартирање“ или засилување.

„Во моментов мислиме дека раководството на Боинг трча наоколу како мува без глава, не може да продава авиони, а потоа дури и авионите што ги испорачуваат не можат да ги испорачаат навреме“, рече О’Лири, шеф на ирската ниско- буџетска авиокомпанија.

Патем, најголемиот европски превозник – во својот опсег – во 2010 година нарачал речиси 400 авиони од Боинг. Познато е и дека двете компании, имено О’Лири и менаџментот на Боинг, минатата есен имаа необична јавна дебата околу преговорите за можна нарачка за следната генерација на контроверзниот модел 737 Max.

Потсетуваме, авиокомпаниите почнаа да летаат со контроверзниот модел во 2017 година, а првата несреќа се случи во 2018 година, кога авионот на индонезиската компанија „Лајон Ер“ се урна во Јаванското Море. Втората несреќа на авионот 737 MAX следеше во 2019 година, а компанија беше Ethiopian Airlines. Во двете несреќи загинаа вкупно 346 патници, авионот е повлечен и оттогаш „се работи на него“.