Шефот на Светска банка: Се наоѓаме во многу опасен момент

Мислам дека се наоѓаме во многу опасен момент, изјави денеска претседателот на Светска банка Аџеј Банга на конференција за инвеститори во Ријад.
Тој изјави дека геополитичките тензии кои се зголемени поради конфликтот на Блискиот Исток во моментов претставуваат најголема закана за светската економија, но дека не треба да се потценуваат другите ризици, пренесува Ројтерс.

Банга предупреди и за ризикот од можна нова пандемија во иднина.

Ризиците се менуваат, не треба да се концентрира само на еден проблем, а другите да се игнорираат, потенцира претседателот на Светска банка.

Тој смета дека е потребно вклучување на приватниот сектор за да се решат некои светски проблеми.

„Само за обновлива енергија на пазарите во развој, потребни ни се трилиони долари. Нема доволно пари за тоа во државните каси или во мултилатералните развојни банки. Треба да го вклучиме приватниот сектор и нивниот капитал“, заклучи Банга.