
Шефот на Светска банка, Дејвид Малпас, објави дека ќе се повлече од функцијата до крајот на јуни.
„По долго размислување, одлучив да се насочам кон нови предизвици“, наведе 66-годишниот Малпас во изјава од банката, откако го извести својот одбор за одлуката.
„Ова е можност за непречена транзиција на лидерството бидејќи Банката работи за да одговори на зголемените глобални предизвици“.
Неговиот мандат во Светската банка – четири години – доведе до тоа групата да се соочи со глобални кризи како што се пандемијата „Ковид-19“ и руската инвазија на Украина, како и со меѓународно економско забавување.