Шејн ги зголемува цените во Европа поради новиот данок на мали пакети

Кинеската компанија за онлајн облека „Шејн“ планира да ги зголеми цените на своите производи во Европа за да ги компензира дел од дополнителните трошоци поради новиот данок на мали пакети од земји надвор од ЕУ, според поднесокот што кинеската компанија го достави до берзата во Хонг Конг.

Шејн очекува дека зголемувањето на цените би можело да го намали обемот на продажба на краток рок и предупредува дека негативниот ефект во Европската Унија би можел да биде сличен или дури и поголем од оној што веќе е забележан во Соединетите Американски Држави, објавува „Паис“.

Во првиот квартал од 2026 година, приходите на „Шејн“ на американскиот пазар, по укинувањето на царинското ослободување за мали пакети, се намалија за 14,3 проценти, додека вкупните глобални приходи се зголемија само за 1,1 процент, пренесува „Танјуг.рс“.