Нафтената корпорација Шел објави дека планира да го напушти сопственичкото партнерство со рускиот државен енергетски гигант Газпром поради рускиот напад врз Украина.
Според соопштението, Шел има намера да се повлече од заедничките инвестиции со Газпром и поврзаните страни, вклучително и 27,5 отсто од акциите во фабриката за течен природен гас Sakhalin-II, 50 отсто удел во Salym Petroleum Development и енергетскиот потфат Gydan.
Британско-холандската мултинационална компанија ќе излезе и од проектот за гасоводот „Северен тек 2“, се додава во соопштението.











