Свртувањето грб на рускиот гас скапо ја чини Европа. Чешка, која претседава со Европската унија, закажа итен состанок на министрите за енергетика за 9 септември, а директорот на „Shell“, Бен ван Берден предупредува дека Европа може да се соочи со ограничен пристап до енергија неколку години.
Директорот на најголемата европска нафтена компанија смета дека енергетската криза може да трае неколку години, откако цената на гасот скокна на рекордно ниво минатата недела.
„Кризата ќе ја стави на тест солидарноста на земјите-членки на Европската унија, имајќи предвид дека секоја поединечна влада ќе биде принудена да одлучи како да обезбеди продолжување на работата на клучните индустриски сектори“, смета Бен ван Берден.
Посочи дека ни претстојат неколку зими во кои ќе треба да бараме решенија преку заштеди и намалувања.
„Дека периодот пред нас ќе биде некако лесен или дека се ќе заврши брзо – мислам дека ова е фантазија што треба да ја оставиме на страна“, заклучи директорот на „Shell“.
„Ова што се случува е паневропски проблем, има влијание врз сите земји, кај некои повеќе, кај некои помалку. Убедени сме дека најдоброто решение е она што важи за цела Европа“, рече пак чешкиот министер за индустрија Јозеф Сикела.
Земјите како Германија и Италија, кои до сега главно се потпираа на руски залихи, ги полнат магацините за да се справат со зимата