Фото: Youtube
Shell е паметен часовник што по потреба се трансформира во целосно функционален смартфон.
Кога корисникот ќе посака да го користи како телефон, треба само да притисне копче и уредот се претвора во 4G Android смартфон. Shell има таканаречени крилја од коишто едното е микрофон, другото слушалка, а двете функционираат и како антена.
Освен тоа, има и камера од 12 мегапиксели на врвот од едното крило, којашто може да ротира за 360 степени, па да се добијат панорамски фотографии и видеа. Уредот, којшто од 31-ви јануари ќе има и своја кампања на платформата Indiegogo, нема да пропушта вода, ќе има Wi – Fi, Bluetooth, GPS и GSM.
Shell ќе има вграден рачен механизам на полнење, со “мафтање“ на крилјата три до пет пати, мини генераторот се полни и корисникот добива дополнителни три до пет минути време за разговор.