Shell урна бензинска пумпа и отвори “станица за полнење на иднината“ (фото)

424

Во следните години трендовите се јасни. Старите бензински пумпи постепено ќе исчезнат или ќе станат пумпи за електрични автомобили. Shell, една од главните компании во нафтената индустрија, веќе има бензинска пумпа која е претворена во центар за полнење.

Иновативните капацитети најавуваат нова ера во мобилноста. Токму тоа е новата бензинска станица на Фулам Роуд, во срцето на Лондон, која е првата реновирана бензинска пумпа. Станица за полнење која ќе стане референца за следните чекори на компанијата и индустријата.

Откако урна стара бензинска пумпа, Shell изгради електричен храм.

Рециклирано дрво, соларни панели, одржливо стакло и што е најважно, полнење електрична енергија од 100 отсто сертифицирани обновливи извори на енергија, пишува списанието ХАК.

Секој полнач има максимален капацитет од 175 kW. За разлика од многу други центри, Shell сакаше корисниците да не чекаат во својот електричен автомобил за да заврши полнењето. Поради оваа причина, тој отвори цел сервис кој ќе го направи корисничкото искуство многу попријатно.

Простор за седење со бесплатен Wi-Fi, кафетерија, и ресторан за посетителите каде може да го поминат времето додека го полнат електричниот автомобил.

Накратко, станица за полнење со сите услуги и сите потреби. Ова е само првиот чекор од она што следи, бидејќи фирмата сака да отвори повеќе од 5.000 станици.