Шесте најголеми технолошки гиганти изгубија повеќе од трилион долари од вредноста на акциите само во последните три дена.
Но, ова е само дел од профитот од почетокот на оваа година, со оглед на растот на акциите во претходните месеци.
Apple, кој достигна пазарна вредност од два трилиони долари на 19 август, падна за околу 325 милијарди долари во последните три дена.
Microsoft падна за 219 милијарди долари, Amazon за 191 милијарда долари, а Alphabet (Google) загуби 135 милијарди долари.
Вредноста на Тesla се намали за 109 милијарди во последните три дена, a Facebook е во загуба од 89 милијарди долари.
На почетокот на 2020 година, шесте најголеми технолошки компании вредеа околу пет трилиони долари. Во средата, на втори септември, тие достигнаа врв од 8,2 трилиони долари.
По затворањето на пазарот во вторникот, нивната комбинирана пазарна капитализација беше 7,1 трилиони долари.
Иако станува збор за голема загуба од неколку дена, овие шест компании сепак вредат 2,1 трилиони долари повеќе отколку на почетокот на годината – и покрај глобалната пандемија на коронавирусот и рекордната загуба на работни места во САД.
Фото: Pixabay