Шест клучни правила за успешна продажба

115

kesi

Фото: Pixabay

На што навистина треба да внимавате за продажбата да биде успешна и да добиете верен клиент.

Поставувајте вистински прашања во доволен број и на правилен начин. Не нудете решение сè додека не откриете што навистина сака да купи клиентот, кога и под какви околности би го купил/а одредениот производ.

Зборувајте со клиентите како да зборувате со пријателите или членови од фамилијата. Не го прилагодувајте тонот само затоа што треба некому да продадете нешто. Зборувајте нормално, се разбира како што доликува на еден професионалец.

Фокусирајте ја презентацијата. Купувачот треба да биде во главен фокус. Не вие, не вашата компанија и што досега сте постигнале. Адаптирајте ја презентацијата така што истата да ги задоволи желбите на клиентот, односно да се најде решение за неговите/нејзините потреби.

Истакнете ја вредноста на производот. Најдобар начин тоа да го направите е да покажете како производот ќе биде од корист за клиентот. Сето тоа треба да биде јасно, концизно и разбирливо за купувачот.

Кога треба да се откажете, откажете се. Веќе сте направиле сè што може да се направи. Кога е повеќе од очигледно дека клиентот нема да го купи вашиот производ, повлечете се. Така купувачот ќе знае дека си има работа со професионалец.

Вистинската работа започнува откако ќе ја направите првата продажба. Професионалците знаат дека, можните проблеми како неисполнети очекувања, доаѓаат потоа. Затоа треба секогаш да се има максимална подготвеност и да се укаже на тоа дека што и да се случи вие ќе бидете тука за клиентите.